Утрински Весник
Свет

Ќе расте цената на лукот

Garlic 3419544 640.jpg

Неповолните временски услови, високите трошоци за одгледување и помалку засадени површини се причините за поскапувањето на лукот во три важни земји кои го произведуваат овој зеленчук. Затоа, експертите предвидуваат дека овој зеленчук годинава ќе биде уште поскап на сите пазари.

ЕУ годишно произведува околу 400.000 тони лук, а повеќето земји немаат доволно домашно производство, па често го увезуваат од Кина или Аргентина.

-Плантажите со лук во Кина, кои редовно го снабдуваат европскиот пазар, неодамна претрпеа сериозни штети по температурите од 20 степени, а потоа и необични снежни врнежи – пренесува специјализираниот портал „Фрешплаза“, нагласувајќи дека како резултат на тоа обемот на кинескиот извоз во Европа наеднаш доживеа пад, поради што цената на лукот се искачи на рекордно високо ниво. За десетина дена на почетокот на месецов порасна за околу 150 долари за тон. Неуспехот на земјоделските култури во Кина дополнително го зголемија дождовите што следеа по снегот.

Врменските услови ридонесоа и за намалување на површината под овој зеленчук во Шпанија за околу 15 проценти во однос на претходната сезона, кога веќе беше забележано намалување. Според Националната шпанска асоцијација на производители и трговци на лук, површината под него е намалена за повеќе од 30 проценти во последните две години. Како причина ја наведуваат недостигот на вода и постојаното зголемување на влезните трошоци, пренесува „Агроклуб“.

Слична е ситуацијата и во Египет, каде што површината под оваа култура е преполовена. Задоволни се од квалитетот, но побарувачката е голема, па годинава, велат, тешко ќе се обезбедат поволни цени. Лукот од Шпанија и Аргентина моментално се продава на големо за околу 2,80 евра за килограм, кинескиот е уште поскап, додека египетскиот ќе чини 1,85 евра.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење