Утрински Весник
Македонија

Ќе нема енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи, вели Мицкоски

20251027120819 big 730x400 5.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека не треба да стравуваме од енергетска криза со недостиг на гас во државава по санкците од САД и ЕУ кон Русија, бидејќи, како што изјави денеска, Владата е подготвена и работи тоа да не се случи.

На новинарско прашање Мицкоски потенцираше дека и при неодамнешните ремонтни активности на гасоводот не останавме без гас, односно топланите работеа.


– Не, нема да има, подготвени сме, ние ова одамна го антиципиравме и заедно работиме со дел од портфолијата во рамки на Владата за да не се случи тоа. Знаете имаше и ремонтни активности на гасоводот што ги потпишала претходната влада во заминување па не останавме без гас, односно топланите работеа. Сите овие работи ги антиципираме, но нормално е за работи кои се тековно работење на Владата. Не треба да ја оптоваруваме јавноста со такви ситници и нема да има такво нешто, изјави Мицкоски, прашан дали по последните санкции на САД и ЕУ кон Русија треба  да стравуваме од нова енергетска криза.

Можете да прочитате

Зајкова од Софија: Ако навистина ја сакате Македонија во ЕУ, покажете го тоа со дела – испорачајте мерлива поддршка

Перпарим Бајрами тврди дека не е виновен за случајот „Државна лотарија“

Жена прегазена од автомобил во центарот на Скопје