Утрински Весник
Македонија

Две лица повредени во сообраќајка кај Студеничани

Brza Pomos.png

На 22.07.2024 во 06.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат од населбата Драчево кон село Зелениково, пред влезот за с.Студеничани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка, управувано од М.Х.(62) од с.Семениште, општина Сарај и патничко возило „сеат алхамбра“ без регистарски ознаки, управувано од Г.К.(31) од с.Зелениково, скопско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил О.С.(22) од с.Смесница, општина Зелениково, сопатник од возилото „сеат алхамбра“, а возачот Г.К. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

Мицкоски по поразот од ДУИ: Повеќе гласови, но недоволно за победа

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?