Утрински Весник
Спорт

Две контри, два гола – Виљареал победи на „Монтоливи“ во Џирона

Две контри, два гола – Виљареал победи на „Монтоливи“ во Џирона

Во првиот саботен натпревар од 35.коло на Ла Лига, Виљареал забележа победа на гостувањето на „Мотоливи“, кај Џирона. „Жолтата подморница“, победи со 2:1, со голот на Џерар Морено во 94.минута и остана во трката за четвртото место. Асистент за двата кола бешеНиколас Џексон.

dobivaj vesti na viber

Две добри контри им беа доволни на фудбалерите на Виљареал да ги освојат бодовите, против домаќинот кој во текот на целиот натпревар беше подобриот тим на теренот.

Гостите поведоа во деветтата минута преку Пино, но на одмор заминаа со реми. Стрелец за Џирона беше Лопез во 24. минута.

А потоа во четвртата минута од судиското надополнување Џерард Морено му ги дава трите бода на Виљареал.

Виљареал сега е на петтото место на табелата со 60 бодови, два помалку од Сосиедад, кој има натпревар помалку и пет повеќе од Бетис, кој допрва треба да одигра натпревар од 35. коло.

Џирона е седма со 48 бодови.

Можете да прочитате

Кој е старецот во инвалидска количка кој помогна да се запали олимпискиот пламен?

Олимпиското знаме закачено наопаку на јарболот на свеченото отворање на Игрите во Париз

Отворени Олимписките игри во Париз