Утрински Весник
Свет

Хорор кај Лесковац: Дете (14) обеси 4 кучиња, призна и даде морничава причина зошто го сторил тоа

Хорор кај Лесковац: Дете (14) обеси 4 кучиња, призна и даде морничава причина зошто го сторил тоа

Момче (14) од селото Власе кај Лесковац е пријавено во полиција бидејќи обесил улично куче, потврди за „Блиц“ Горан Момчиловиќ, долгогодишен протекционист на животните од Лебане.

dobivaj vesti na viber

Веднаш биле алармирани здруженијата за заштита на животни „Добробит“ од Лебане и „Пит“ од Ниш, кои случајот го пријавиле во полиција.

Како што дознава медиумот, момчето на полицискиот распит признало дека изминатата година убил куче, како и уште четири животни.

– Запрашан зошто го направил тоа, тој рече затоа што кучето имало шуга. Всушност, на несреќното животно му паднало малку влакно од кожата бидејќи имало демодекс. Страшно е што момчето признало дека убило уште четири кучиња во изминатата година. За претходниот случај изговор му беше дека ги брка кокошките, па морал да го направи тоа – тврди Момчиловиќ.

Неофицијално „Блиц“ дознава дека предметот е препратен на натамошно постапување во Вишото јавно обвинителство Лесковац.

На социјалните мрежи се појави видео од обесено куче во дворот, а здружението „ПИТ“ од Ниш ја коментираше страшната објава.

– Не е важно дали детето е Ром, Србин или од друга националност, важно е да ја препознаеме таа психопатска особина кај детето, која подоцна води до убиства. Ова момче на 14-годишна возраст годинава обеси пет кучиња. Против малолетникот ќе биде поднесена кривична пријава, доброволно го предал другото куче, кучето ќе биде однесено во ветеринарна амбуланта и е безбедно, а телото на обесеното куче ќе биде предадено на Ветеринарниот институт. Навистина страшна глетка. Родители, чувајте ги вашите деца и не дозволувајте да пораснат во убијци!!! – е еден од коментарите на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа

Илјадници налози на Телеграм блокирани поради повици на терористички напади