Утрински Весник
Свет

Дванаесет медиуми заинтересирани да ја организираат дебатата на Бајден и Трамп

Screenshot 2024 04 15 125851.png

Дванаесет американски медиумски организации покажаа интерес да организираат дебата меѓу кандидатите за претседател на САД, актуелниот Џо Бајден и поранешниот Доналд Трамп. Ги повикаа да се договорат да дебатираат меѓусебе за време на кампањата, велејќи дека тоа е традиција што е дел од секоја изборна кампања од 1976 година. Додека Трамп, кој е републикански кандидат, изрази подготвеност да одржи телевизиска дебата со неговиот демократски ривал, сегашниот претседател на САД, Бајден, се уште не се изјаснил за предлогот. Запрашан на почетокот на март дали планира да одржи дебата со Трамп, Бајден рече дека тоа „зависи од неговото однесување“, мислејќи на хаотичната дебата во 2020 година кога во еден момент му рече на својот ривал „да замолчи“. Менаџерите на кампањата на Трамп, Сузи Вајлс и Крис Ла Сивита, во јавно писмо минатата недела рекоа дека „претседателот Трамп е подготвен да дебатира во секое време и каде било“. Изборниот штаб на Бајден одби да го коментира писмото на медиумските организации, укажувајќи на претходната изјава на претседателот.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена