Утрински Весник
Спорт

ЦСКА го отпушти тренерот Рајковиќ

Cfa94fb3 Rajkovic.jpg

Рускиот кошаркарски гигант ЦСКА Москва денес го отпушти македонскиот стратег Емил Рајковиќ. Веста за прекинот на соработката со македонскиот стручњак, ЦСКА ја објави на својата интернет страница. -Клубот одлучи да го раскине договорот со тренерот на тимот Рајковиќ. Заедно со него од стручниот штаб на тимот си заминуваат помошниците Марко Величковиќ и Сашо Тодоровски, се вели во соопштението на ЦСКА. Рајковиќ им се заблагодари на стручниот штаб, играчите и навивачите на тимот. -Искрено се надевам дека промената на тренерот ќе го поттикне тимот, кој со враќањето на Каспер Вер ќе ја постигне својата цел да ја освои титулата, порача македонскиот тренер, кој во Москва пристигна во летото 2022 година. Под негово водство ЦСКА го освои бронзениот медал во ВТБ Јунајтед лигата во сезоната 2022/23.

Можете да прочитате

ПСЖ против Астон вила ќе играат за Суперкупот на УЕФА

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид