Утрински Весник
Свет

Двајца кинески генерали исклучени од армијата и од Комунистичката партија

China Flag.jpg

Кина ги исклучи потпретседателот на Централната воена комисија, Жанг Јуксија и началник на Здружениот штаб на вооружените сили, Лиу Женли од Комунистичката партија и армијата поради „сериозни прекршувања на дисциплината и законот“.

Двајцата генерали се обвинети за нелојалност, корупција и занемарување на должноста. Во извештајот се наведува дека тие „сериозно ја прекршиле политичката дисциплина и правила, формирале клики и фракции и биле нелојални и нечесни кон партијата“.


Тие, исто така, се товарат дека нивната корупција е поврзана со занемарување на должноста и злоупотреба на положбата.

Во соопштението се посочува дека „сумите за кои станува збор се исклучително големи, природата на нивното однесување била исклучително сериозна, а последиците ужасни“.

Истрагите против двајцата генерали беа објавени во јануари, а тие беа отстранети од своите позиции во државната Централна воена комисија кон крајот на август. Нивното исклучување е дел од широката антикорупциска кампања што ја започна кинескиот претседател Шји Џинпинг во 2012 година, а армијата беше една од главните цели на таа кампања.

Жанг беше и член на моќното Политбиро на Комунистичката партија и еден од ретките кинески воени команданти со борбено искуство. Додека Луи важеше за најблизок воен сојузник на претседателот Шји.

Можете да прочитате

„Гугл“ казнет со 403 милиони евра за следење на локацијата на корисниците

Единаесет земји-членки на ЕУ бараат ЕУ да не носи нови прописи сè додека не се реализираат постоечките

По тешкиот пораз Мерц најавува осврт на „темелните прашања“