Утрински Весник
Свет

По тешкиот пораз Мерц најавува осврт на „темелните прашања“

Mercz.jpg

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска соопшти дека неговата партијата ќе мора да ги разгледа „темелните и многу долгорочните прашања“, еден ден по катастрофалните резултати на неговите христијански демократи на локалните избори во покраините БНерлин и Мекленбург-Западна Померанија.

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германскиот лидер, вчера, на локалните избори во Мекленбург – Западна Померанија не успеа да влезе во покраинскиот парламент, за првпат во 81-годишната историја на партијата.


На локалните избори во ова апокраина ЦДУ  доби 4,9 проценти од гласовите, помалку од петте проценти потребни за влез во собранието.

На изборите во оваа североисточна федерална покраина, Алтернатива за Германија (АфД) победи со околу 38 проценти од гласовите, додека социјалдемократите завршија втори со 35 проценти. ЦДУ ја загуби и позицијата градоначалник на Берлин – во германската престолнина, каде победи Левицата со 43 проценти.

Овие лоши резултати, заедно со оние на почетокот на септември во Саксонија-Анхалт, каде што АфД освои 43,8 проценти наспроти 17,2 проценти на ЦДУ, предизвикаа шпекулации за политичката судбина на Мерц.

„Да бидам искрен, повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања. И тоа е нешто што ќе го промениме – и мораме -“, рече Мерц, кој е германски канцелар од мај минатата година, опишувајќи ги резултатите како „голема пресвртница“.

Запрашан дали верува дека сè уште има доволно поддршка во сопствените редови, Мерц рече дека „никој“ од раководството на ЦДУ не поставил „кадровски прашања“ по резултатите од синоќа.

Тој го поздрави фактот што социјалдемократите, помладиот партнер во националната владејачка коалиција, утрово ја потврдија својата посветеност на владината алијанса и покрај тешкиот пораз на ЦДУ на вчерашните избори, пишува ДПА.

Следните парламентарни избори во Германија мора да се одржат најдоцна до февруари 2029 година.

И покрај ударите, Мерц најавува продолжување на неговата влада, додека АфД предвидува дека Мерц ќе замине пред крајот на оваа година, пренесуваат француските медиуми.

На прес-конференција во Берлин, германскиот канцелар се осврна на модерната германска историја, велејќи дека земјата го напуштила национализмот со Конрад Аденауер, канцелар од редовите на христијанските демократи, кој е еден вид симбол на раскинување со нацистичкото наследство по падот на Адолф Хитлер.

„Тоа ќе биде историска мисија, особено за владејачката коалиција во Берлин, но пред сè за партијата што ја водам – ​​да се осигураме дека во иднина ќе останеме земја цврсто вкоренета во европската политика“, рече тој.

„Тоа не е ништо повеќе и ништо помалку од демократската иднина на нашата земја“, заклучи Мерц. 

Можете да прочитате

„Гугл“ казнет со 403 милиони евра за следење на локацијата на корисниците

Единаесет земји-членки на ЕУ бараат ЕУ да не носи нови прописи сè додека не се реализираат постоечките

Двајца кинески генерали исклучени од армијата и од Комунистичката партија