Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

46f9d2ae a88f 454d 9d01 a96f36f9e1d6.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ДУИ:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес објавува официјални документи од Агенцијата за катастар кои отвораат сериозни сомнежи за имотно-правните и деловните односи меѓу поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на НОМАГАС, Недим Рама, еден од најблиските соработници на Изет Меџити.


Според официјалните податоци од Катастарот:

• Во Имотен лист бр. 730 за Катастарска општина Лисец-Вонград, како носители на правото се заведени Висар Ганиу и Недим Рама.

• Двајцата се поврзани со парцелата 1/455, регистрирана на истата локација.

• За истата парцела е отворен и Лист за предбележување на градба бр. 1213, каде како носител на правото е заведен Висар Ганиу.

• На оваа парцела се евидентирани седум објекти со намена „А4-3 – викенд куќи”.

Значи, не станува збор за обичен имот, туку за комплекс од повеќе викенд-објекти поврзани со лица кои до вчера управуваа со локалната власт, а денес раководат со стратешки државни институции.

Овие документи отвораат легитимни прашања кои заслужуваат јавен одговор:

• Кога и како е воспоставена оваа имотно-правна врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама?

• Со какви финансиски средства е реализирана изградбата на седумте викенд-објекти?

• Дали овие имоти и инвестиции се пријавени во анкетните листови и во изјавите за имотна состојба?

• Дали постојат и други деловни односи меѓу лица кои денес контролираат значајни јавни функции?

Ова не е политичко прашање.

Ова е прашање на потекло на имотот, транспарентноста и можниот судир на интереси кај лица кои со години управувале со јавни буџети, а денес раководат со институции од стратешко значење за државата.

ДУИ ги повикува Државната комисија за спречување на корупцијата, Финансиската полиција, Управата за јавни приходи и Јавното обвинителство без одлагање да ги испитаат сите околности поврзани со оваа заедничка сопственост и со изградбата на комплексот викенд-куќи.

Граѓаните заслужуваат одговор на едно едноставно прашање:

Дали зад политичкото партнерство на ВЛЕН се крие и приватно, односно деловно партнерство?

Можете да прочитате

Реализирани над 65 проценти од проектот за реконструкција и проширување на охридскиот аеродром

Филипче од Конгресот: „Твоја држава – твоја шанса” е морален завет на СДСМ

Манасиевски: И покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија и бараат уставни измени