Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Европскиот фронт се проширува со Бошњачката Демократска Унија

20240401124521 Big 730x400 10.webp.webp
Dik 300x250 mk

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и претседателот на Бошњачкиот Демократски Сојуз, Мунир Колашинац денеска се договориле кон Европскиот фронт да се приклучи и бошњачката заедница, информираат од ДУИ.

Како што додаваат од оваа партија, Колашинац ќе биде дел од изборната листа на Европскиот фронт за пратеници во Првата изборна единица.

-Пред неколку дена, Европскиот фронт инициран од Демократската унија за интеграција и претседателот Али Ахмети потпишаа договор за коалиција со Албанската демократска партија на Мендух Тачи, Алијансата за Албанците на Зиадин Села, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, Европската демократска партија на Арјанит Хоџа, Турската демократска партија на Бејџан Иљас, Сојузот на Ромите на Фатима Османовска, Движењето на македонските Турци за правда и демократија претставено од Сулејман Баки, потсетуваат од ДУИ.

Според Демократската унија за интеграција, Европскиот фронт едногласно ја поддржува заедничката кандидатура за претседател на кандидатот Бујар Османи.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, СДСМ во 9, ВРЕДИ во 8 и НАИ во 5 општини

Мицкоски: Победа во над 30 општини, Орце води убедливо во Скопје

Филипче: Резултатот не е крај, туку почеток на консолидацијата на СДСМ