Утрински Весник
Свет

Франција ја повика Кина да влијае врз Русија за прекин на конфликтот во Украина

Napadi Vo Ukraina 678x381 1.jpg
300x250 (7)

Францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне денеска ја повика Кина да испрати „многу јасна порака до Русија“ за војната во Украина и нагласи дека Париз треба да одржува силни економски односи со Пекинг.

„Очекуваме Кина да испрати многу јасни пораки до Русија. Очигледно е дека Кина игра клучна улога во независноста, почитувањето на меѓународното право, вклучувајќи го и суверенитетот на Украина“, рече Сежурне во Пекинг на заедничката прес-конференција со неговиот кинески колега Ванг Ји.

300x250 (7)

Кина, која се претставува како неутрална страна, но чии односи со Русија се продлабочија од почетокот на конфликтот, се залага за политичко решение за ставање крај на конфликтот во Украина.

Сежурне рече дека оваа војна ја засега целата меѓународна заедница.

„Убедени сме дека нема да има траен мир доколку за тоа не се преговара со Украинците. Нема да има безбедност за Европејците ако нема мир во согласност со меѓународното право. За нас тоа е суштинско прашање, поради што Франција е решена да одржи близок дијалог со Кина“, рече Сежурн.

За време на посетата на Кина, францускиот министер ќе учествува на отворањето на изложбата „Версај и забранетиот град“, во Забранетиот град во Пекинг, каде ќе бидат изложени околу 60 уметнички дела и скапоцени предмети од Версајската палата.

„Оваа година се одбележуваат 60 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и Франција, како и година на културен туризам меѓу двете земји“, објави минатата недела француската дипломатија.

Францускиот министер за надворешни работи е втор пат за помалку од шест месеци да ја посети Кина. Во ноември, тогашниот шеф на француската дипломатија, Кетрин Колона, го посети Пекинг.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја посети Кина во април 2023 година.

Во 1964 година, Франција, под водство на генералот Шарл де Гол, беше првата голема западна земја која воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Кина.

Тогашната храбра одлука кинеските власти редовно ја наведуваат како пример за независна дипломатија, а тоа го повтори и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји за време на неговата посета на Париз во февруари.

„Кина ја цени посветеноста на Франција за независност и автономија“ на нејзината политика, му рече Ванг Ји на Емануел Макрон.

Ss1

Можете да прочитате

Орбан: Западот е на чекор од испраќање воени единици во Украина, Брисел си игра со оган

Нетанјаху најави „уште поболни напади против Хамас“

Пленковиќ и Мицотакис можни наследници на Фон дер Лајен