Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Се решава проблемот со просторните капацитети на УМТ, новиот кампус од 42 милиони евра носи трајно решение

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

ВЛЕН презема конкретни чекори за решавање на потребата од дополнителни просторни капацитети на Универзитетот „Мајка Тереза”, во услови кога бројот на студенти на универзитетот е во пораст.


Во рамки на овие активности, првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, заедно со ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза”, проф. д-р Беким Фетаји, ја разгледаа можноста за користење на просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија за потребите на универзитетот. Со ова привремено решение ќе се овозможи непречено одвивање на наставниот процес до завршувањето на новиот универзитетски кампус.

Сепак, ова е само преодно решение. Трајното решение е новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза”, инвестиција вредна околу 42 милиони евра, за чија изградба веќе е поставен камен-темелник.

Новиот кампус ќе му обезбеди на Универзитетот „Мајка Тереза” современи простории и соодветни капацитети за студентите и академскиот кадар, како и за наставата и научноистражувачката работа.

ВЛЕН го гледа зголемувањето на бројот на студенти како можност за понатамошен развој на Универзитетот „Мајка Тереза”, а не како пречка. Потребните просторни капацитети се обезбедуваат сега, додека кампусот од 42 милиони евра ќе го реши ова прашање на долг рок.

Можете да прочитате

Левица: Клековски да го разреши директорот Маркоски – голготата во охридската болница мора да заврши

Клековски на средба со словенечкиот министер за здравство за унапредување на соработката

Велковски: На граѓаните ќе им се овозможи да докупат до две години стаж за пензија