Утрински Весник
Македонија

ДСЗИ: Вработените со договор на дело на токсикологија биле примени само со потпис на Иљази што е спротивно на законот

Mladenovska.jpg

Инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат денеска повторно ја посетија Клиниката за токсикологија  каде се проверуваше по кој основ им биле продолжени договорите за работа на 18те вработени на дело. Од инспекторатот велат договорците се примени со само еден потпис од организацискиот директор што е спротивно на законот за здравствена заштита. Вработувањата следуваат откако пред една недела по наредба на министерството за здравство медицинскиот директор на клиниката Данил Петровски беше разрешен од функцијата.

„Децидно стои во законот за здравствена заштита дека договори за вработување мора да бидат потпишани од двајцата директори , како и за отказни решенија , јавни наабавки  и друго. Во овој случај станува збор за договори за вработувања потпишани само од организацискиот директор. “-изјави ДСЗИ Рената Малденовска.

Ингеренциите на инспекторат завршуваа тука, па случајот сега ќе биде испратен во Министерството за здравство, кое треба да ја провери валидноста на договорите.

-Министерстовто за здравство има ингеренции да постпаува доколку валидноста на договорите не е исправна, односно доколку не се валидни треба правниот сектор да се извести,“ -изјави ДСЗИ Рената Малденовска.

Можете да прочитате

Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата

Познати се имињата на сите кандидати за министри од ВМРО-ДПМНЕ

Љутков: Очекувам гласање за новата влада во Собранието околу 20-ти или 22-ри јуни