Утрински Весник
Спорт

Дончиќ подобар од Јокиќ – Далас победи во Денвер

Дончиќ подобар од Јокиќ – Далас победи во Денвер

Далас маверикс славеше победа во Денвер 116:115, во натпревар во кој Лука Дончиќ и Никола Јокиќ не беа најефикасни во своите тимови. Изминатата ноќ се истакна хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ, тој со 34 поени го предводеше Детроит до победата во Мајами (96:116). Блесна и Донован Мичел со 42 поени во победата на Кливленд над ЛА Лејкерс 116:102.

dobivaj vesti na viber

Далас и Дончиќ лошо ја одиграа завршницата против Денвер, но и покрај тоа славеа победа. Доријан Фини Смит спречи Денвер да го комплетира пресвртот. Во финишот, со серија од 11 поени, Денвер од 101:111, дојдоа до 112:111.

Налетот со тројка го одби Фини Смит. Тој погоди пет тројки од 10 обиди, мечот го заврши со 19 поени. Најефикасен кај Далас беше Тим Хардавеј со 29 поени. Дончиќ лошо ја одигра завршницата, но Денвер не ги казни неговите грешки. Словенецот го запиша 52 трипл-дабл во кариерата, шести во сезоната (22 поени, 10 скока, 12 асистенции).

Денвер го предводеа Арон Гордон со 27 и Бонс Хајланд со 20, Јокиќ забележа 19 поени и по осум скока и асистенции.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами