Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Арсовска го блокираа Скопје освен за провизии за набавка на нафта

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Арсовска и Ковачевски наместо пари за превозниците договарале провизија од набавката на нафта за ЈСП?
300x250 (7)

Скопје е блокирано заради матните тендери на Арсовска, плод на коалицијата со Ковачевски. Таков тендер е набавката на гориво за потребите на ЈСП од 27 милиони евра, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Арсовска за разлика од сите нејзини претходници не добива попуст од 6 денари по литар. Овој попуст го имало и кај Костовски и кај Трајановски и кај Шилегов, но го нема кај Арсовска. Доколку имаше попуст ЈСП ќе платеше 1.4 милиони евра помалку. Тоа се повеќе од доволно средства за да се покрие долгот кон приватните превозници.

300x250 (7)

Зошто нема попуст знае само Арсовска. Градоначалничката не треба да бега, туку да одговори: Дали тендерот за набавка на гориво за ЈСП е дел од договорот за тајната коалиција со Ковачевски? Дали на средбата Арсовска – Ковачевски е договорено провизија, наместо попуст? Зошто во договорот за нафта со Пуцко Петрол нема ниту еден процент попуст, а во сите претходни има? Од Костовски, преку Трајановски до Шилегов. И дали е точно дека бугарски автобуси треба да вршат јавен превоз како замена за тековниот?

Доколку имаше попуст на договорот за набавка на гориво за ЈСП ќе имаше и пари за приватните превозници. Дали на Арсовска и одговара кризата? И дали Скопје е жртва за бизнис интереси?“ прашуваат од опозициската партија.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт