Утрински Весник
Спорт

Добра вест за Анчелоти е враќањето на Куртоа во тимот

Tegrfsdx.jpg

Тренерот на шпанскиот гигант Реал Мадрид, трофејниот италијански стратег Карло Анчелоти до денеска имаше само една дилема за стартната постава која ќе ја изведе на реваншот против Баерн Минхен во полуфиналето од фудбалската Лига на шампионите откако првиот меч заврши без победник (2:2). Добрата вест на „Сантијаго Бернабеу“ е враќањето на голманот Тибо Куртоа во тренажен процес . Белгиецот експресно ја залечи повредата на менискусот и направи чудо со својата брза рехабилитација, па откако Карло го најави како стартен голман за утре против Кадис, мораше да одговара дали тој автоматски ќе се врати на голот и за реваншот од полуфиналето. Анчелоти нагласи дека е прерано да му се дава таква одговорност на Куртоа, но не исклучи токму Тибо да биде прв голман доколку Реал се пласира во финалето на „Вембли“. – Куртоа се врати и се чувствува многу добро. Утре ќе игра и ќе го направи тоа после долго време. Тоа е добра вест за нас, исто како што беше случајот со Милитао. Може да ни донесе плус и сите сме возбудени од неговото враќање. Во овој момент, единствено финале за нас во нашите глави е она против Баерн кое го играме следната недела. Тој меч ќе го игра Лунин, а за потоа ќе видиме.

– Не мислиме за финалето во ЛШ, прво финале е она во среда. Ако дојде да мислиме за финалето на „Вембли“, тоа ќе значи дека сме се пласирале на завршниот меч. После осум месеци пауза, потребна е адаптација и враќање на автоматизмите во играта. Куртоа е многу добар на физички ниво, но потребна ќе му биде рутина, – изјави Анчелоти, кој за утре најави дека стартери ќе бидат и Арда Ѓулер и Милитао.

Можете да прочитате

Шпанскиот селектор: Пет репрезентации се фаворити на ЕП

Танкоски следните две сезони во дресот на Вардар

Пепе и Роналдо ја предводат листата на најстари играчи на ЕУРО