Утрински Весник
Македонија

До сабота ќе имаме летни температури, додека од недела ни следува продор на силен и ладен Атмосферски фронт од север!

Gfs 1 90.png

Метео анализа на Славчо Попоски

До сабота ќе може да уживаме во релативно високите температури на воздухот, а од денес до сабота ќе биде претежно стабилно, суво и со многу сончеви периоди. Температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени, понекаде тие ќе надминат и 25 степени, додека во централните и во југоисточните предели тие се очекува да надминат и 30 степени, односно, да достигнат некаде до околу 32, 33 степени.

Веќе во недела, како и во понеделник, и тоа под влијание на силен ладен Атмосферски фронт од север во Македонија ќе има нагла и голема промена на времето, проследена со повремени локални врнежи од дожд и грмежи, особено во недела, додека во понеделник ќе биде претежно суво. Сето ова ќе биде проследено со засилен, а особено Долж Повардарието, повремено силен ветер од северен правец (над 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие во недела дсоцна попладне и во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник ќе опаднат за околу 10 степени во споредба со сегашните, а особено во северните предели тие ќе опаднат дури и за 15 степени за кратко време. Па така, особено свежо ќе биде во понеделник, кога наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 11, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 12 до 20 степени.

Уште постудено утро ќе имаме во вторник, кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени, а особено на високите и на планинските места тие би можеле да бидат и уште пониски. Токму поради ова, не се исклучува можноста и за појава на слана и на утрински мраз.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка вечерва во Кисела Вода

Мицкоски: Германија останува наш сојузник и силен подддржувач

Нови детали: Затвореник вечерва пукал кон член на групата Грчец