Утрински Весник
Скопје

Бизнис штафета за најбрза македонска компанија

20240925162851 Big 730x400 68.webp.webp

Во Скопје денеска ќе се одржи Cevahir Mall Business Run 2024, штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор. Компаниите ќе се натпреваруваат со мешани тимови со четири измени на патека од осум километри, а секој учесник ќе трча по два километра.

Најбрзите три тимови ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а посебни награди ќе добијат и најбрзите поединци во машка и женска конкуренција.

Трката се организирана од 2016 година со цел заедничко спортско и деловно дружење, поттикнувајќи го тимскиот дух меѓу вработените.

Организатор на Cevahir Mall Business Run e здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ во соработка со „Џевахир Мол“ – Скопје. 

Можете да прочитате

Изградба на канализациска мрежа во должина од 450 метри на ул.37 во Волково

Скејт-заедницата со акција за обнова на скејт-паркот во Карпош

Општина Аеродром: Секојдневно се грижиме за чисти и уредни јавни површини