Утрински Весник
Македонија

Девојчето во Илинден загинало од струен удар, опожареното тело го гаснеле пожарникари и спречиле да се запали вагон-цистерна

Девојчето во Илинден загинало од струен удар, опожареното тело го гаснеле пожарникари и спречиле да се запали вагон-цистерна

Малолетно девојче изгорело од струен удар, потврдува Sвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Тој за „Макфакс“ посочува дека вечерва интервенирале во скопски Илинден со две возила и седуммина пожарникари. Очевидци велат дека девојчето загинало откако со момче било качено на вагонот.

dobivaj vesti na viber

„Извесно е дека телото било опожарено. Пожарникарите спречиле огнот да го зафати вагонот-цистерна кој пренесувал гориво. Детали се уште нема, оти увидот се уште трае. На лице место се уште е и Бригадата за противпожарна заштита“, вели Томевски.

Претходно, пријавата во МВР била дека била опожарена вагон-цистерна. Настанот го пријавил скопјанец, кој кажал дека ги згрижил децата кои го известиле за настанот.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Достоинствената работа заслужува праведна плата и достоинствени услови

Муцунски на IDU Форумот во Загреб: „Европа мора да направи исчекор кон проширување”

Први и втори мај променливо и ладно време, локален дожд и планински снег