Утрински Весник
Магазин

Девојче (13) ја бркале два волци додека трчала во Австрија, ова не е прва ситуација со крволочни ѕверови

Wolf 2984865 1280 1468x1032 1.webp.webp

За време на редовното трчање во Милфиртел, Австрија, една тинејџерка (13) доживеа крајно непријатно искуство кога се соочи со крволочни животни.

Девојчето почнало да трча на својата вообичаена рута кога почувствувала дека некој ја следи. Застанала, ги извадила слушалките и ја погледнала ситуацијата, а по неколку чекори пред неа се појавиле волци.

Доживеала шок и почнала да трча во страв за својот живот, поради што волците почнале да ја бркаат, но за среќа набрзо исчезнале во шумата.

Тинејџерката останала неповредена, а ова не е прв пат волк да се приближи толку блиску до луѓето во средина којане му е блиска. Слична ситуација се случила во Унтервајзенбах додека едно семејство било на прошетка со својот тригодишен син.

Само еден ден претходно, пред волците да го бркаат девојчето додека таа била надвор за џогирање, гостите во винаријата во општината Хадерсдорф-Кармен пријавиле дека има волци во близина.

Веднаш ги алармирале ловџиите и полицијата.

Ваквите чести појави на волци во средина која не е нивно природно живеалиште доведе до дебата за тоа дали тие се срамежливи животни и дали навистина претставуваат опасност за луѓето како што се мисли.

Можете да прочитате

Позната српска водителка пронајдена мртва во стан во Белград

Овие три навидум здрави намирници предизвикуваат дебелеење

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб