Утрински Весник
Македонија

Детали: Брутално семејно насилство во Гостивар – Сопругата на интензивна нега, мажот нападнал и полицајци

Policzija 1.jpg

Четири скршени ребра, парцијален пневмоторакс и субдурален крвен подлив се повредите со кои 42-годишна жена од гостиварско село е примена на скопските клиники, откако била физички нападната од својот 52-годишен сопруг.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот се случил на 27 ноември околу 12:30 часот во семејниот дом, каде што мажот ја нападнал сопругата, нанесувајќи ѝ повреди со остар предмет. Случајот во полиција го пријавил таткото на осомничениот.


Жената се здобила со сериозни повреди на главата, лицето и градниот кош. Првично ѝ била укажана медицинска помош во гостиварската болница, по што во бессознание била транспортирана во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Директорот на ТОАРИЛУЦ, доктор Игор Мерџановски, потврдил дека пациентката има четири скршени ребра, парцијален пневмоторакс и субдурален крвен подлив. Поради сериозноста на повредите, таа е задржана на интензивно лекување на КАРИЛ.

Полицијата во 14:10 часот го лишила од слобода осомничениот М.М. (52), кој при приведувањето давал отпор и физички ги нападнал полициските службеници, при што повредил еден од нив.

Од МВР информираат дека осомничениот има нарушено ментално здравје и дека по приведувањето бил спроведен во Психијатриската болница во Скопје.

За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото целосно документирање ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз жените

16 дена активизам: Бараме конкретна одговорност од Жаклина Пешевска

16 дена активизам: Бараме конкретна одговорност од Жаклина Пешевска