Утрински Весник
Македонија

Деспотовски: На голем број членови на СДСМ не им е дозволено да гласаат

Despotovski.webp.webp

Кандидатот за нов лидер на СДСМ Јован Деспотовски денеска по чинот на гласање истакна очекува дека до крајот на денот ќе се почитува принципот на демократски изборен процес, но додаде дека има информации за голем број на членови на партијата на кои што им било оневозможено да гласаат.

-Денеска е голем ден за СДСМ. Денеска избираме претседател во партијата. Добро е што луѓето излегуваат и гласаат. Јас очекувам дека целата оваа енергија што успеавме изминативе денови да ја мобилизираме, енергија за промени, денеска да се ефектуира, односно да се случи преку гласањето. Очекувам до крајот на денот ќе се почитува принципот на демократски изборен процес и дека членовите на СДСМ ќе изберат еден нов почеток кој што треба да почне уште утре, рече Деспотовски.

Деспотовски рече дека е загрижувачки тоа што во досегашниот тек на гласањето има голем број на членови на СДСМ на кои не им било овозможено да гласаат иако имаат се она што е потребно за гласање.

-Со мојот тим изминатите неколку денови зборувавме на оваа тема, поднесовме и официјално барање да им се овозможи на сите оние членови на партијата кои ќе се појават на избирачките места, да можат да си го реализираат своето уставно загарантирано право. Сите овие случаи се евидентираат секаде, имаме контрола на секое избирачко место низ државата во сите општински организации. Без разлика на исходот од гласањето, ќе мора во наредните неколку денови да се посветиме како политичка партија сите овие случаи да ги расчистиме, додаде Деспотовски.

Можете да прочитате

Бешлиовска за тримесечното бебе со модринки: Со име и презиме да бидат прозвани сите што згрешија за овој случај

Девојка пронајдена мртва на браната Градче кај Кочани

Питбул усмрти 56-годишен маж, син му, кој го поседува кучето, е уапсен