Утрински Весник
Спорт

Дешам откри зошто Бензема не играл на СП – Напаѓачот му возврати: Лажеш

Дешам откри зошто Бензема не играл на СП – Напаѓачот му возврати: Лажеш

Три месеци по завршувањето на Светското првенство во Катар, селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп ја раскажа својата приказна зошто Карим Бензема не играше на Мундијалот, каде неговиот тим загуби од Аргентина на пенали во финалето.

dobivaj vesti na viber

Да потсетиме, Бензема испадна од списокот поради повреда пред Мундијалот, но успеа да се рехабилитира до нокаут фазата. И покрај тоа, Дешам не го покани да му се приклучи на тимот во Катар. Наводно некои играчи бил против Бензема да му се приклучи на тимот.

„Навреда за нас е она што тој го кажува. Има само една вистина и Карим ја знае. Тој ни се придружи на 14 ноември откако беше полуактивен за клубот поради повреда, работеше по посебна програма, а неговото враќање на тимската работа беше одложено.

Тој не беше 100 отсто сигурен дека може да започне против Австралија на првиот натпревар. Кога се повреди, нашиот лекар го однесе на магнетна резонанца. Карим ги испратил наодите до својот лекар во Мадрид за да добие второ мислење. Тој се врати во хотелот по полноќ и го сретнав во собата со нашиот лекар, кој ми ги даде наодите“, изјави Дешам за „Ле Парисиен“ и дополни.

„Карим беше лут бидејќи Светското првенство му значеше многу. Ми рече дека е уништен. Во најдобар случај, ќе се врател на тренинзите на 10 декември. Тој рече дека е разочаран што мора да замине, но ја оправда одлуката бидејќи таа била за доброто на тимот. Бевме заедно околу 20 минути. Кога се разделивме, му реков дека нема потреба да се брза. Кога се разбудив, сфатив дека го нема. Тоа беше негова одлука, која ја разбирам и ја почитувам“, продолжи Дешам.

Сепак, Бензема одигра пријателски натпревар за Реал Мадрид за време на Светското првенство.

„Дали навистина мислите дека тоа е споредливо со интензитетот во полуфиналето на Светското првенство? И покрај неговиот талент и статус, кои никој не ги доведе во прашање, можете ли да замислите да се врати во последен момент? Карим сам ми кажа дека нема да биде подготвен“, тврди Дешам, кој истакна дека репрезентативците не биле среќни што Бензема решил да замине.

Дешам изјави дека последен пат разговарал со Бензема кога го продолжил договорот со Фудбалската федерација на Франција.

„Му се јавив и имавме долг разговор, неодамна повторно му се јавив за да дознаам дали дефинитивно ја напуштил репрезентацијата. И да, ја потврди одлуката да стави крај на репрезентативната кариера. Не ме прашувајте за неговите аргументи, на него е дали ќе ги открие или не“, заклучи Дешам.

Бензема реагираше на изјавите на тренерот на Инстаграм. Напаѓачот на Реал Мадрид и актуелен освојувач на „Златната топка“, во првата објава за изјавите на Дешам нашиша „каква дрскост“ со емотиконот на кловн.

Во вториот, како на крајот на февруари по доделувањето на наградата за играч на годината на ФИФА, тој објави бизарна снимка од личност во автомобил која вели „лажеш, лажго си“.

Бензема под видеото напиша „Свети Дидие, добра ноќ“ и повторно го стави емотиконот на кловнот.

Можете да прочитате

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата

Италија го обезбеди петтото место во Лигата на шампионите