Утрински Весник
Свет

Претепан грчкиот ексминистер за финансии Варуфакис

Јанис Варуфакис претепан во ресторан во Атина

Поранешниот грчки министер за финансии бил нападнат пред ресторан во Атина. Јанис Варуфакис е грчки економист, основач и лидер на левичарската партија Европски реалистичен фронт за непослушност (MeRA25) и поранешен министер за финансии на Грција. Бил нападнат и претепан од група луѓе во познатата атинска населба Егзархија, пред ресторан каде што седел со пријателите.

dobivaj vesti na viber

Според првичните информации, група луѓе му пришле на Варуфакис кој бил во ресторанот, почнале да го навредуваат и туркаат и на крајот физички го нападнале, пренесува порталот Катимерини.

Еден напаѓач го удрил Варуфакис во лицето и го повредил, поради што бил пренесен во болница каде му била констатирана фрактура на носната коска.

Партијата на Варуфакис МеРА25 објави дека тој бил подложен на „храбар фашистички напад“.

„Денешната епизода нека послужи да не потсети на оние кои намерно продаваат лажна и клеветничка приказна што ја искористија денешните насилници. Им порачуваме: не се плашиме, не бегаме, не отстапуваме. Во темнината, одговараме со еден збор: ДЕН“, се вели во соопштението на МеРА25.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го осуди нападот врз Варуфакис и посочи дека насилството не може да се толерира.

„Нападот врз господинот Варуфакис е апсолутно за осуда и нашата Република не може да го толерира. Му посакувам брзо закрепнување и сигурен сум дека грчката полиција ќе направи се за да ги изведе сторителите пред лицето на правдата“, напиша премиерот во својата објава.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток