Утрински Весник
Свет

Денеска ќе има големо невреме на Халкидики, на туристите им е испратено предупредување преку СМС

Nevreme 3.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грција денеска ќе ја погоди страшно невреме, а на граѓаните и туристите им е испратено предупредување во форма на СМС порака. Министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас, вчера зборуваше за очекуваното невреме.

Граѓани кои престојуваат на Халкидики, веќе почнаа да објавуваат фотографии на социјалните мрежи. Од утрово небото е сиво, а во Сарти се појави и мало торнадо.

Според прогнозите, најголемите проблеми ќе има претпладне на Халкидики и Солун и Кавала, додека на пладне невремето ќе се прошири.

Посебно внимание е потребно поради ова невреме, особено во врска со громови на копно и на море. За подобри информации за заштита од гром, граѓаните можат да ја посетат веб-страницата на Цивилната заштита, се додава во соопштението на министерот.

Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области во северна Грција, добија итна смс порака.

Избегнувајте преминување на потоци, пеш или со возило, за време на невреме и врнежи, работа и активности на отворено. Треба да избегнувате да поминувате под големи дрвја и поставени знаци. Не ги вклучувајте електричните апарати или телефоните, бидејќи молњата може да помине низ жици. Избегнувајте допирање на водоводните цевки (кујна, бања), бидејќи тие се струјни спроводници, се вели во предупредувањето.

Можете да прочитате

Медведев: Можам да замислам операции за киднапирање на Мерц и други светски лидери

Трамп: Сами проценете што значат акциите во Венецуела за Гренланд

Илјадници куќи во Берлин без електрична енергија, власта ги обвинува екстремистите