Утрински Весник
Македонија

МВР објави видео од марихуаната која беше запленета од меѓународната криминална група

776253030 1725563111836638 2874867164340096020 n.jpg

Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и во рамки на меѓународната соработка со надлежните служби од Косово и Грција, спроведе повеќемесечна истрага за организирана криминална група инволвирана во меѓународен транспорт на наркотична дрога.

На 14.08.2026 година во Солун беа лишени од слобода македонски и косовски државјанин, при што беа запленети 324 килограми и 474 грама марихуана, сокриени во товар со рециклирана пресувана хартија.

Во рамки на истрагата, МВР ги презеде и неопходните активности на територијата на Македонија, при што Одделот за криминалистичка полиција, во координација со јавен обвинител, изврши претреси на повеќе локации со цел обезбедување материјални докази и целосно документирање на криминалната активност. При претресите се одземени мобилни телефони и документација, кои се предмет на дополнително вештачење и анализа.

По спроведената истрага, МВР до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против едно лице, македонски државјанин.

Со преземените активности, МВР даде значаен придонес во сузбивањето на меѓународната организирана криминална група и обезбедувањето докази за постапката.

Можете да прочитате

Пожар над селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари

Гостиварец заврши во полиција, ја нападнал и повредил девојката