Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника, водата во Скопје е безбедна за пиење

Petrushevski 13.08.2026.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувана јавност,

Таман човек ќе помисли дека СДС го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење.  

Оваа информација не е само гола политичка критика, туку опасна дезинформација. И сето ова го прават очигледно за политички поени, бидејќи ваква неточна, непроверена информација не само што создава паника, туку во крајна линија може да влијае на здравјето на граѓаните. 

СДС и нивниот моментален претседател Венко Филипче кој со својот ментор и партиски другар Зоран Заев се шета по Егејот треба да се смири и да не се однесува како сонцето да му удрило во глава и да дава вакви насоки за вакво ширење паника.

Дополнително, овој обид за дезинформирање на граѓаните и ширење паника покажува само едно дека СДС веќе не знае ни каде удира. Кога немаат што да понудат, останува само политичкото дно, а тоа кај СДС очигледно нема крај.

Надлежните државни институции веднаш реагираа демантирајќи ги со факти, а реагираше и обвинителството. Сепак се очекува исход од истрагата бидејќи вакви дезинформации се опасни. Се очекува деновиве добра вест и од Гостивар дека водата е квалитетна за пиење.

За жал, во оваа држава СДС како опозициска партија почнува да делува и опасно за граѓаните. СДС и актуелното раководство со своите вакви постапки покажува само дека е талогот на Македонија.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница