Утрински Весник
Македонија

Во строго заштитената зона на Пелистер пронајдени ловокрадци

Big pelister lake macedonia e1759849257201.jpg

Вооружени лица со огнено оружје биле откриени во строго заштитената зона на Националниот парк „Пелистер“, на над 2.000 метри надморска височина.

Лицата биле забележани во текот на ноќна акција што ја спровеле ренџерите на Националниот парк во соработка со полицијата од СВР Битола. Акцијата се одвивала на исклучително тешко достапен терен.

Од Националниот парк „Пелистер“ посочуваат дека зоната со строг режим на заштита често е мета на незаконски активности, особено поради отежнатиот надзор и непристапноста на теренот.

Од управата велат дека дополнителен проблем претставува и состојбата со шумските патишта. Тие се важни за редовните патролни активности, заштитата на природата, но и за противпожарната заштита, но дел од нив постепено пропаѓаат.

Од Националниот парк информираат дека подобрувањето на патната инфраструктура е меѓу приоритетите и дека веќе се работи на нивно обновување.

Случајот повторно го отвора прашањето за потребата од посилен надзор и поголема заштита на најчувствителните делови од Националниот парк „Пелистер“.

Можете да прочитате

Станот како дом или како капитал?

Утре Македонија под портокалова фаза поради високи температури

Воздушна битка со пожарот кај „Јасен“: ДЗС ги крена сите три „Ер трактори“