Утрински Весник
Македонија

Денес и утре се очекува локална попладневна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Нестабилност е можна и во делови од Скопската котлина

Download 16.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес и утре особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не се исклучува можноста  и за ретка појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. И во делови од Скопската котлина особено денес попладне и навечер ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, додека во Скопје таа ќе се искачи до околу 23 степени.

Поголема нестабилност со врнежи, грмежи и локално невреме очекуваме во вторник, но многу повеќе детали околу ова очекувајте во следните наши метео објави.

Можете да прочитате

Јаневска за врсничкото насилство: Институциите може да прават се како што треба, но без помош од родителите нема успех

Приведени девет возачи, пет возеле без дозвола, од нив еден малолетник кој предизвикал сообраќајна незгода

Муцунски: Надворешната политика не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки