Утрински Весник
Македонија

ДУИ го бојкотираше вториот круг од претседателските избори, но пратениците се појавија на инаугурацијата на Сиљановска

Bed3728c Ce3a 4c8a Ae0a C61c94d5d458.jpg

Пратениците на ДУИ денеска се појавија на седницата на Собранието каде се обрати новиот претседател на државата, Гордана Сиљановска Давкова.

Иако оваа политичка партија не повика на гласање во вториот круг и практично работеше на бојкот на претседателските избори, сепак нејзините пратеници денеска беа присутни во салата каде Сиљановска даваше заклетва.

Но и покрај тоа што не го ингорираа обраќањето на Сиљановска, сепак од ДУИ веднаш реагираа дека таа го пркршила Уставот со тоа што во заклетвата не го кажала уставното име на државата.

Обраќањето на Сиљановска ја налути и грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду, која ја напушти свечената седница во Собранието, откако Сиљановска ниту еднаш не кажа Северна Македонија.

Министерот за правда пак, Кренар Лога смета дека заклетвата на Сиљановска е ништовна и порача дека целата постапка на избор на претседател мора да се повтори одново или ВД претседател да биде собранискиот спикер Јован Митрески.

Можете да прочитате

Двајца крадци украле автомобил во Битола, полицијата ги уапси

Меџити: Тројца-четворица пратеници од Европскиот фронт ќе бидат дел од новото мнозинство

Уставниот суд денеска избира претседател