Утрински Весник
Македонија

Делегација од Македонија во студиска посета на француски институции за јакнење на системот за обука на јавната администрација

20260530140150 big 730x400 28.webp.webp

Во рамки на студиската посета во Париз, делегацијата составена од претставници на Министерството за јавна администрација, Центарот за управување со промени, Агенцијата за администрација и Министерството за дигитална трансформација, изминатите денови оствари работни средби со претставници на Директоратот за јавна администрација на Франција (DGAFP), Институтот за јавен менаџмент и економски развој (IGPDE) и Директоратот за дигитални работи (DINUM).

За време на средбите беа презентирани француските искуства и добри практики во областа на меѓуинституционалната и меѓуминистерската соработка, развојот и спроведувањето на политики за обука и професионално усовршување на државните службеници, како и современите пристапи во дигитализацијата на процесите за учење и развој на човечките ресурси во јавниот сектор.


Посебен акцент беше ставен на платформата MENTOR – национален систем за е-обуки на државните службеници во Франција, преку кој беа презентирани искуствата поврзани со нејзиното воспоставување, управување и користење. Дополнително, беа разгледани и актуелните трендови во примената на новите технологии и дигиталните алатки во процесите на обука и континуирано стручно усовршување на јавната администрација.

Работната посета претставува значајна можност за преземање на успешни европски практики во развојот на системот за обука на административните службеници во Република Македонија.

Посетата беше организирана во рамки на проектот „Поддршка за воспоставување на Академијата за стручно усовршување и обука на административни службеници“, кој го спроведува Министерството за јавна администрација во соработка со Центарот за управување со промени, со поддршка на Амбасадата на Франција.

Можете да прочитате

Тетовец ja повредил сосетката со остар предмет, па отишол дома и ја малтретирал мајка си

Уапсени осум лица за дрога во последните 24 часа

„И Здравје и Работа“: Додека соседите чекорат напред во развој на рударството, Македонија не смее да остане заробена во статус кво