Утрински Весник
Македонија

Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата во справувањето со кризната состојба поради пожарите

Foto.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно Законот за управување со кризи, донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите, по донесената Одлука на Владата од 13 август 2024 година за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата.

Начинот и интензитетот на кој припадниците на Армијата ќе помагаат на другите институции при гаснење на пожарите ќе го одредува Генералштабот на армијата во согласност со побарувањата од Центарот за управување со кризи и состојбата на теренот.

Можете да прочитате

(Видео) Патриотско друштво: Полиција спречува изградба на црква во Полог

СДСМ утре ќе објави нов скандал за Тошковски

Полиција спасила двајца македонски туристи кои останале блокирани во заливот Филикури кај Химара