Утрински Весник
Македонија

УХМР: До крајот на денот пеколни температури, за викендот опаѓање на истите

499495 Toplo Vreme Do Krajot Na Mesecot.jpg

До крајот на денот, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Температурата ќе биде до 40 степени.

– Во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. За време на викендот и во почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање, соопштуваат од УХМР.

Можете да прочитате

ЛДП: Со вакви политики утре нема да има кој да ги води институциите! Партиските книшки не можат да го заменат знаењето!

Почината жена со траги на насилство најдена во својот дом во Ѓорче Петров

СЕФ 2026: Праведната зелена транзиција почнува од потребите на луѓето