Утрински Весник
Балкан

Нарушувања на грчкиот воздушен простор од турски беспилотни летала и Ф-16

Gr tur.webp.webp

Во текот на вчерашниот ден во регионот на североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејското море биле регистрирани четири нарушувања на грчкиот воздушен простор од турски беспилотни летала, како и едно прекршување од воени авиони Ф-16, кои биле пресретнати, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите од Генералштабот на грчката национална одбрана, биле регистрирани два Ф-16 во една формација, еден авион ЦН-235 и две беспилотни летала, четирите нарушувања биле од дроновите, а две од турските воздушни средства биле вооружени.

Сите воздушни средства биле идентификувани и пресретнати согласно меѓународните правила.

Можете да прочитате

Во Тирана одржан 100-тиот граѓански протест против изградба на луксузно одморалиште во Зврнец и Сазан, најавена граѓанска непослушност

Експлозии одекнаа во центарот на Атина, бомби фрлени врз два бара

Ратко Младиќ ќе биде погребан денес во Белград: Голем број граѓани пред црквата