Утрински Весник
Скопје

„Нешто што ќе остане” се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Whatsapp image 2026 09 09 at 13.11.06.jpeg

Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане”, првично закажан за 12 септември, ќе се одржи еден ден порано – во петок, 11 септември, со почеток во 20 часот, во Парк на Франкофонија.

Програмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, а водител на вечерта ќе биде Сашко Коцев.


„Нешто што ќе остане” годинава се одржува по четврти пат, а музичката вечер е дел од одбележувањето на големиот јубилеј – 50 години Општина Центар. И оваа година Општината останува доследна на определбата да ја поддржува и промовира македонската музичка сцена и домашните артисти.

Општина Центар ги повикува сите граѓани да ја забележат промената на датумот и да бидат дел од музичката вечер.

Новиот термин е петок, 11 септември, во 20 часот, во Парк на Франкофонија.

Можете да прочитате

Николоски: Градскиот воз и електричните еколошки автобуси се придонес кон намалување на аерозагадувањето во Скопје

Герасимовски: Постапката за „Барутана” е законска обврска, одлуките ќе ги носиме внимателно и одговорно

Град Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рок