Утрински Весник
Македонија

Дал капар за куќа па „мајсторот“ избегал – скопјанец измамен за 5.500 евра

Evra.jpg

На 23.09.2026 во 11:40 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско пријави дека бил измамен од Б.Р. од с.Горна Матка за сума од 338.250 денари.

Според пријавеното, во декември 2025 направиле усмен договор Б.Р. да му изгради куќа за одреден паричен надомест. Како што е пријавено, откако му дал дел од парите, не можел да стапи во контакт со него, по што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Можете да прочитате

ЕСМ: Платата ќе биде во законскиот рок, се ажурираат податоци на вработени

Уапсен радовишанец кај кого била најдена марихуана

82 години Народен театар Битола, 12. Битола Шекспир фестивал