Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Отстранета опасноста на мостот на Пчиња кај скопското село Бадар

Most pcinja cuk.jpg
Dik 300x250 mk

Обилните врнежи од дожд во претходните денови предизвикале зголемување на нивото на водата во речното корито на реката Пчиња. Големиот доток на вода во речното корито низводно нанел пообилна количина дрвна маса и тие вршат притисок на столбовите, заедно со водата, на мостот пред влезот на селото Бадар во Општина Петровец.

Ова известување, како што информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК), го добиле од повеќе граѓани.


Покрај со јавувања на 112 во ЦУК, со допис до ЦУК граѓаните укажуваат дека мостот е поприлично стар и веќе некои од столбовите се закосени, со што постоеше голема веројатност поради големиот притисок од водата и насобраната дрвна маса околу столбовите тие да се срушат. Секторот за операции и координација при ЦУК со допис ги извести надлежните институции, Општина Петровец и АД Водостопанство за преземање на мерки и активности за надминување на настаната состојба и отстранување на опасноста. Денеска, од Општина Петровец и АД Водостопанство сме известени дека од нивна страна е ангажирана соодветна механизација и дрвјата се исчистени од речното корито, се наведува во соопштението од ЦУК.

Можете да прочитате

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре