Центарот за управување со кризи со новогодишна честитка, но истовремено и апел за одговорно однесување.
– Почитувани пријатели, жители и гости во нашата држава, Центарот за управување со кризи Ви посакува пријатна и весела новогодишна ноќ. Апелираме новогодишното расположение да не биде повод за ризици и опасности по здравјето и животот на луѓето и животните, како и на материјалните добра и животната средина, порачаа денеска од ЦУК.
Операторите на бројот за итни повици 112 и дежурните оперативни центри во Центарот се 24/7 на должност и подготвени да одговорат на секој повик и потреба за итна медицинска помош, противпожарна или полициска интервенција.
– Да ja пречекаме Новата 2025 година во добро здравје и во празнично расположение. Безбедноста пред се! – потсетуваат од ЦУК.