Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Со ребалансот Владата на ВМРО крати пари од младите, а не од криминалните тендери

20260707113458 big 730x400 49.webp.webp

Соопштение од СДСМ за прес-конференцијата на Кристијан Дојчиновски

Владата на ВМРО не инвестира во младите, туку крати од младите.


Со ребалансот на Буџетот власта повторно покажаа кои им се приоритетите.

Наместо повеќе пари за младите и демографските политики, тие ги кратат средствата. Сега има помалку пари за демографски политики, за над 70 проценти – од 71 на само 21 милион денари.

Програмата за млади ја кратат за уште 1 милион денари.

За младите нема пари, но затоа има милиони за нови задолжувања и криминални партиски тендери.

За две години ја задолжија државата, ги задолжија младите и исните генерации за нови 2,5 милијарди евра. Нема 600 евра минимална плата, нема повеќе средства за младите, образованието и студентите, но има пари за криминални тендери и партиски бизниси.

Младите не си заминуваат затоа што не ја сакаат Македонија, туку затоа што власта им ја одзема перспективата. Во држава во која партиската книшка вреди повеќе од дипломата, а врските повеќе од знаењето, младите не гледаат иднина.

СДСМ со амандмани бара повеќе пари за младите, за демографските политики, за студентскиот и ученичкиот оброк, како и за образованието. Ќе продолжиме да се бориме за држава во која буџетот ќе инвестира во младите, а не во криминални тендери.

Можете да прочитате

ДУИ: Претставување без Албанци не е претставување на државата

Апасиев: Постои таен договор меѓу ДПМНЕ и ДУИ за нова владина коалиција по изборите

Клековски: Нови антикоагулантни лекови на позитивната листа, еноксапарин, надропарин и ривароксабан достапни во аптеките