Утрински Весник
Македонија

Црвенковска: Правдата не смее да познава дискриминација и предрасуди

Црвенковска: Правдата не смее да познава дискриминација и предрасуди

„Европските вредности не препознаваат дискриминација според родовата припадност, а ние е неопходно да ги следиме процесите и да учевствуваме во креирањето на рамноправно општество кое нуди еднакви можности за сите и кое ги вклучува жените како идентичен фактор во креирањето иднина на државата. Ми преставува задоволство тоа што ОБСЕ има спроведено истражување токму во судството со фокус на прашањето за родова еднаквост и функционалноста на судскиот систем во ситуација во која ние имаме жени на високи позиции, но и голем број жени судијки. Но, оваа студија на ОБСЕ, исто така, низ препораките илустрира еден посовршен систем во кој е изолирана дискриминацијата, не само по родова припадност, туку и по етничка, со потенцирање на човековите права на помалите заедници, односно женските припаднички кои се соочуваат со нееднаков третман при упис на Академијата за судии и јавни обвинители или при огласите за вработување“- истакна претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, при промоцијата на публикацијата на ОБСЕ посветена на родовата еднаквост и разноликост во судството.

dobivaj vesti na viber

Студијата на ОБСЕ наведува поголем број категории граѓани на кои им се ускратуваат некои права при водење на судски постапки со што им се загрозува правото на правда. Со постоењето вакви случаи се нарушува легитимитетот на судството, а државата е во фаза во која е неопходно да покаже високо ниво на правичност, еднаквост и почитување на човековите права, како важен предуслов за судство без дискриминација, она што од нас го бараат и европските вредности.

„Сите препораки укажуваат на недостатоци на судскиот систем кои ја поттикнуваат дискриминацијата, а потоа тоа влијае на оценките за судството и создава граѓани кои ја губат довербата. Затоа мислам дека колку и да имаме направено за родовата еднаквост или за недискриминацијата по етничка основа, ние и понатаму мораме да развиваме механизми за заштита на сите граѓани и тоа, и на оние кои се дел од судството или конкурираат да бидат дел, и на оние кои се од другата страна- странките во судските постапки“- дополни Црвенковска.

Можете да прочитате

Ковачевски до Мицкоски:  На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Сајкоски: Платформата 1198 се обврзува на  150 милиони евра за поддршка на домашното стопанство