Утрински Весник
Македонија

Ципрас: ЕУ треба да го реализира даденото ветување на Западен Балкан за да не загуби кредибилитет

Whatsapp Image 2024 06 19 At 09.51.06 B8120f38.jpg

„ЕУ конечно мора да го реализира своето ветување кое го даде на земјите од Западен Балкан. Бидејќи ако тоа ветување не е кредибилно, тогаш ЕУ ќе го загуби кредибилитетот надвор од границите, како меѓународна сила“ рече поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на Меѓународната конференција за мир и одрлжив развој во Атина.

Тој додаде дека со исполнување на ветувањето, ЕУ ќе даде до знаење дека жртвите кои политичарите ги прават за мирно решавање на разликите не се игнорираат, туки носат бенефит.

„Активната билатерална и мултилатерлна дипломатија која цели кон мирно решавање на разлики сега е поважна од било кога, не само на Балканот“ рече Ципрас.

Можете да прочитате

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице

САД пренасочуваат воена помош од Македонија кон Латинска Америка

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“