Утрински Весник
Македонија

Петровска: Со интегритет и чесно работење, верувам дека ќе ја вратам довербата во партијата кај членовите и граѓаните на Македонија

448674392 1249682896354520 6762224096659008987 N.jpg

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска вчера ја претстави својата програма пред членовите на општинските организации во Карпош и Гази Баба.

Пред присутните, Петровска ги објасни своите постулати и приоритети во програмата за работа како идна претседателка на СДСМ.

„Мојата програма “Манифест на социјалдемократијата” во себе содржи прогресивни политики и враќање кон корените на СДСМ. Како дете на партијата, мојата цел е да го вратам СДСМ на власт. Со интегритет, кредибилитет и чесно работење, верувам дека ќе ја вратам довербата во партијата кај членовите и граѓаните на Македонија“ порача Петровска.

Петровска продолжува со средби со членовите на партија со цел тие подобро и поблиски да се запознаат со мерките и приоритетите во нејзината програма.

Можете да прочитате

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци

Димитриевски: ЗНАМ ќе излезе од Владата ако правосудниот испит се полага и на албански

Од Прилеп во 10, од Охрид во 11, од Ресен во 12 часот – распоред за превозот до Алта банка