Утрински Весник
Спорт

Челси остана еден месец без Денис Закарија

Челси остана еден месец без Денис Закарија

Фудбалерот од средниот ред на Челси, Денис Закарија, ќе отсуствува еден месец поради повредата со која се здоби при поразот од Фулам (2:1) во меч од Премиерлигата. Медицинските тестови покажаа дека степенот на неговата повреда не е наивен.

dobivaj vesti na viber

„Денис ќе биде надвор од терените четири недели, па тоа е уште еден удар за нас. Се надевам дека ќе може брзо да се врати во акција“, сподели Грем Потер.

Закарија досега има седум настапи за Челси, а дојде на „Стемфорд Бриџ“ како позајмен играч од Јувентус.

Закарија им се придружи на големиот број фудбалери на Челси кои се надвор од тренажен процес поради повреди. Н’Голо Канте, Весли Фофана, Рис Џејмс и Бен Чилвел сѐ уште се надвор од тимот оваа сезона. Напаѓачот Армандо Броја ќе отсуствува до крајот на сезоната, а недостасуваат и Рахим Стерлинг, Едуард Менди, Кристијан Пулишиќ и Рубен Лофтус-Чик.

Можете да прочитате

Тренерот на Лестер доби отказ поради ceкс со фудбалерка!

Од елиминацијата на Алкараз во Мајами ќе профитира Ѓоковиќ на АТП-листата

Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки