Утрински Весник
Македонија

Бубевски: Побудата поради која го сторил делото е причина Мијалков да биде построго казнет, а за Тачи е умислата

Бубевски: Побудата поради која го сторил делото е причина Мијалков да биде построго казнет, а за Тачи е умислата

Обвинителот Гаврил Бубевски побара Сашо Мијалков, Мендух Тачи и ексчленовите на Државната изборна комисија да бидат огласени за виновни во случајот „Титаник 2“, предмет што се однесува на изборни нерегуларности. Бубевски побара секој од обвинетите да одговара според степенот на кривичното дело.

dobivaj vesti na viber

„Бараме да ги огласите за виновни и да ги казните за стореното кривично дело ценејќи ги сите отежнувачки и олеснувачки околности“, рече обвинителот.

За секого одделно, Бубевски посочи отежнувачки и олеснителни околности. За ексчленовите на ДИК, посочи дека не се водат други постапки, не се осудувани, што се околности за поблага казна. Но, според Бубевски, злоупотребата на нивното знаење и незаконитостите што ги правеле пред очите на јавноста – се отежнувачки околности.

Обвинителот за Мендух Тачи рече дека судот треба да цени: „Како отежнувачка околност се директната умисла поттикнување и околностите. Треба да се акцентира неговото почитување на судот и на Обвинителството“.

Бубевски посочи дека и кај ексдиректорот на УБК има отежнувачки и олеснителни околности: „Кај Мијалков отежнувачка околност е степенот на кривична одговорност, побудите зошто го сторил кривичното дело, фактот што против него се водат други кривични осуди, како и тоа што има правосилна пресуда. Треба да се земе предвид неговото културно однесување, почитувањето на судот“.

Можете да прочитате

Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари

СДСМ: Пензискиот фонд повторно е стабилен, а пензиите растат – Во новиот мандат даваме збор за просечна пензија од 30.000 денари

Приведени двајца скопјани осомничени за кражба на сеф од маркет во Црниче