Утрински Весник
Магазин

Филмот за Голда Меир, која ја глуми Хелен Мирен, предизвика полемика поради изборот на актерката

Филмот за Голда Меир, која ја глуми Хелен Мирен, предизвика полемика поради изборот на актерката
300x250 (7)

Долгоочекуваниот биографски филм за единствената жена премиер на Израел, Голди Меир, која на големото платно ја глуми Хелен Мирен, ќе ја има својата премиера на Берлинскиот филмски фестивал во февруари, објавија организаторите.

dobivaj vesti na viber

Интерес, но и полемика, предизвика одлуката на израелскиот режисер да ја избере Хелен Мирен, која не е Еврејка, за улогата на Меир, една од најважните личности во израелската историја.

300x250 (7)

Изборот на актерката предизвика контроверзии.

Британската колешка Морин Липман („Пијанист“), која е исто така познат борец против антисемитизмот, изјави за Jewish Chronicle дека на Голди Меир религијата ѝ била составен дел од личноста и дека не ѝ се чини правилно да ја глуми некој што не е Евреин.

„Сигурна сум дека Хелен ќе биде одлична, но на Бен Кингсли не би му било дозволено да го глуми Нелсон Мандела. Тоа не се прави така“, рече Липман алудирајќи на актерот со англиско-индиско потекло, кој доби „Оскар“ за улогата на Ганди.

Мирен, добитничка на „Оскар“ за улогата на Елизабета Втора во „Кралицата“, смета дека ваквите прашања се легитимни и изјави дека самата се прашувала дали ѝ е соодветно да ја портретира Меир. Во една пригода за „Дејли мејл“ изјави дека му рекла на израелскиот режисер Гај Натив добро да размисли дали таа е вистинската личност за улогата.

„Но, тој сакаше токму јас да бидам во таа улога и почнавме да снимаме.“

Една од потписниците на израелската декларација за независност, Голда Меир, беше премиер од 1969 до 1974 година кога Египет и Сирија ненадејно го нападнаа Израел и му нанесоа големи загуби пред Израелците да ја свртат војната на своја страна. Шестдневната војна заврши со победа на Израел.

„Голда“, филм сместен во тој период, ќе биде прикажан надвор од конкуренција во Берлин.

Берлиналето, првиот европски филмски фестивал годинава, се отвора на 16 февруари. Со жирито претседава американската актерка Кристен Стјуарт, а режисерот Стивен Спилберг ќе добие почесна „Златна мечка“ за животно дело.

Ss1

Можете да прочитате

Сок од бозел – еликсир на здравјето

Задржувањето на водата во телото може да влијае на мозокот, очите и белите дробови

Страдате од мигрена? Овие четири природни додатоци можат да помогнат