Утрински Весник
Спорт

Чави: Не е нормално на вака високо ниво да игра 17-годишник на натпревар од ЛШ

Screenshot 2024 04 11 135409.png
Img 5587

Тренерот на актуелниот шпански фудбалски првак Барселона, Чави Ернандез, кој поради променливите игри и резултати сезонава најави дека ќе замине од клупата на крајот, синоќа имаше многу причини да биде горд на своите избраници. Барселона одигра добро во Париз против ПСЖ во првиот натпреавр од четврфиналето во Лигата на шампионите и победи со 3:2. Не се обесхрабри и кога домаќинот со пресврт пповеде, Барса со два гола на Рафиња и еден на Кристенсен двапати направи резултатска предност и на крајот победи. -Исклучително сум горд на мојот тим. Ако човек сега не се чувствува горд, тогаш – кога? Мислам дека ПСЖ сè уште е фаворит за пласман во следната фаза. Тие се фантастичен тим, сега успеавме да ги ограничиме, особено во првото полувреме одигравме добар и длабок пресинг. Тактички одигравме одличен натпревар, добро го чувавме Мбапе, а на другата страна создадовме многу шанси – Рафиња и Левандовски ја направија разликата во наша корист, а Педри ни помогна многу – вели Чави. Стратегот на Барселона, Чави синоќа уште еднаш покажа дека не се плаши да им даде шанса на најмладите. На дуелот со ПСЖ имаше двајцата најмлади стартери во четвртфиналињата во ЛШ, Ламин Јамал со 16 години и 272 дена и Пау Кубарди со 17 години и 79 дена. -Мораме да бидеме горди на Ламин и Пау, како и на Фермин Лопез – сите тие се играчи од нашата школа, особено посветени на клубот. Пау е неверојатен играч, не е нормално 17-годишник да игра така во Лигата на шампионите, светска класа. Ова е нова Барса, ние сме на добар пат. Сега треба да се опоравиме и да се подготвиме за реваншот – задоволен е Чави.

Ss1

Можете да прочитате

Доминација на руските тенисери: Медведев и Рубљов станаа првите четвртфиналисти на турнирот во Мадрид

Почнува полуфиналната пресметка во ЛШ со судир на титаните Баерн Минхен – Реал Мадрид

Лејкерс елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот