Утрински Весник
Македонија

Цената за „ајварката“ останува загарантирана, вели Анакиев; Нема простор за загриженост при откупот, убедуваат преработувачите

Image 123650291 1 800x404 1.jpg

Денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев, заедно со инспекторскиот тим, беше во посета на преработувачите на пиперка ајварка во Гевгелискиот регион.

Посетата се одвива како резултат на загриженоста на земјоделците за малиот застој во текот на откупот на пиперката куртова капија. Како што информираат преработувачите, простор за загриженост нема и тие апелираат за смиреност кај земјоделците. Тие гарантираат дека сите произведени количини ќе бидат откупени во целост, веднаш откако тие ќе успеат да го преработат оние капацитети кои веќе ги имаат откупено.

Како што информира директорот Анакиев, договорената цена останува загарантирана, и покрај неопходниот период на забавен тек на откупот, поради комплексноста на самиот производствен процес, но и краткиот рок на свежина на производот. Инспекторатот за земјоделство, и понатаму е активно на терен следејќи го текот на откупот од производителите, до откупувачите и крајно до преработувачите, велат од инспекторатот.

Можете да прочитате

Меџити: Младите се мостот на меѓуалбанската соработка

Скопјанец најден починат во својот дом

Тошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини и заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија