Утрински Весник
Македонија

Цената на чварките руши рекорди, зошто е тоа така?

Cvarki.jpg

Џимиринки или популарно кажано чварки се неизоставен зимски деликатес во Македонија и во регионот. 

Но од година в година се сѐ помалку присутни на трпезите пред сѐ поради нивната цена. 

Годинава цената на килограм чварки по месрниците изнесува просечно околу 1.200 денари (20 евра) а за истите пари можат да се купи повеќе од 3,5 килограми свинско месо. 

Но зошто е цената на овој свински деликатес толку зголемена во последните две-три години (до пред три години цената за килограм беше некаде од 600 до 800 денари)

Луѓето од меснат индустрија како главен фактор за раст на цената го наведуваат недостигот на домашно свинско месо и скапиот увоз на најчесто замрзнато свинско месо. 

Цената на свинското месо од увоз во изминатите години е сериозно зголемена па оттаму разбирлив е и растот на цената на џимиринките. 

Но друг исто така значаен фактор е отсуството на масти во видовите свињи што тука се одгледуваат. 

Во последните години се повеќе се одгледуваат свињи кои имаат повеќе мускулна маса отколку масти (сланина) од што впрочем и се произведуваат чварките. 

Денес, одледувачите на свињи одгледуваат и ги предваат на кланиците свињите тогаш кога имаат најмногу мускулна маса а најмалку сало, односно свињите веќе не се товат како порано. 

Сето тоа влијае на крајната цена на чварките кои оваа есен рушат рекорди, па затоа, чварките кои некогаш се сметаа за „храна за сиромашните“ оваа есен се купува на грамови и само за посебни прилики.

Можете да прочитате

Утринава -10: Каде беше најстудено а каде најтопло?

Исчезнат е Виктор – најблиските бараат помош од граѓаните

Денеска се празнува света великомаченик Мина