Утрински Весник
Свет

Бурата Ешли беснее низ северозападна Европа, предизвикува поплави и пожари: кружат снимки кои сведочат за силното невреме

Screenshot 2024 10 21 085503.jpg

Застрашувачки снимки доаѓаат од Велика Британија, каде беснее бурата Ешли, која досега предизвика поплави, пожари и големи материјални штети.

Како што претходно прогнозираа експертите, бурата Ешли „пристигна“ во северозападна Европа во неделата, а од најсилниот удар ќе бидат погодени Ирска, Велс и Шкотска.

Во останатиот дел од викендот циклонот ќе го помести својот центар уште западно и северно од Ирска и ќе ја зафати цела Ирска и Велика Британија.

Пожар имало во центарот на градот Корк, каде поради силно невреме биле срушени електрични кабли, кои удриле во дрво и предизвикале пламен. На мрежите беше објавено видео од тој инцидент.

„Бурата Ешли го погоди Салтил вечерва Ова е Атлантикот во неговото најлудо издание“, рече Пол О’Брајан, кој сподели видео од поплави на крајбрежјето и силни ветрови.

Издадени се и стотици предупредувања за поплави, а некои патишта се затворени. Има предупредувања за материјални штети на згради, прекини на струја и повреди и опасност по животот од ветровите со голема брзина.

Десетици илјади домови останаа без струја во неделата навечер, откако невремето го зафати островот.

Можете да прочитате

Орбан: Европа ќе мора да ја преиспита својата поддршка за Украина ако Трамп победи на изборите

УНЕСКО: 251 милион деца во светот не одат на училиште

Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек